На истокот над 900 вработени преку проектот „Македонија вработува 1“

0

Стартува „Проектот Македонија вработува 2“. Компаниите и лицата кои сакаат да се самовработат можат да аплицираат за користење на поволностите од новиот владин проект. Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, ја посети компанијата за производство на кондиторски производи „Милина свиитс“ во Штип која во првата фаза од реализацијата на овој проект е една од компаниите на истокот која ги искористи поволностите за вработување.

За само една година од кога е воведена мерката невработеноста е намалена за 2,8 проценти и има историски рекорден пад од 24,5 проценти истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Команиите кои сакаат да аплицираат треба да го исполнуваат основниот цензус, а тоа бројот на вработени до месец мај да не е намален и да ги имаат подмирено сите даноци и придонеси. Право на пријавуваање имааа и лица кои сакаат да се самовработат.

Штипската компанија „Милина свиитс“ е основана во 2014 година, а со производство на првата производна линија започнала во март годинава. Станува збор за мал бизнис со вкупно 18 вработени од кои 15 ги користат поволностите на проектот „Македонија вработува 1“.

Во првата фаза од проектот „Македонија вработува“ над 90 проценти биле мали компании со десет вработени, односно овој проект им помогнал токму на малите работодавачи и на малите бизниси.

Сподели.


Коментарите се затворени.