ЈП „Стипион“ го обнови возниот парк

0

Штипското ЈП „Стипион“ уште сега започна да се подготвува за зимски услови со замена на застарената механизација со нова. За одржување на над 100 километри локални патишта и улици во градот набави трактор со кој и тешко достапните места во услови на снег и мраз да можат да се посипуваат со песок и сол. Финансиските средства во износ од 750 илјади денари за набавка на возилото се од буџетот на Општина Штип.

Ова јавно претпријатие наскоро ќе набави и пајак возило за отстранување на непрописно паркираните возила.

Во наредниот период ЈП „Стипион“ ќе изврши намалување на цените за паркирање, а воедно ќе воведе и плаќање преку СМС пораки. Дневно јавното претпријатие блокира по две возила кои не платиле за користење на паркинг.

Сподели.


Коментарите се затворени.