Почна изгрaдбата на езeрце во коритото на реката Отиња во Штип

0

„Езерото ќе ги прифаќа водите од Отиња, во вид на една мини брана и ќе го контролира испустот на вода по коритото“, кажа  Ангел Бојаџиев, дир. на ЈП „Исар“ – Штип.

Што со оние денови кога поради суша, вода во Отиња речиси и да нема:

„На крајот од браната ќе има еден бунар кој ќе ја акумулира водата која во сушните периоди ќе ја испушта во коритото со што ќе се обезбеди и биолошки минимум“, рече Бојаџиев.

Во последните неколку месеци, во Отиња не може ни клинец да се удри без администрацијата на Исар:

„Целокупната администрација на Исар ќе се вклучи во уредувањето, а дополнително ќе се постави и урбана опрема и ќе се направат скали за полесен пристап“, истакна  Лазар Нацев, вработен во ЈП „Исар“ – Штип.

Освен луѓе, за уредување на еден од капиталните проекти на Штип, во функција е ставена и механизацијата:

„Липкерот е постојано во коритото на Отиња, а по потреба се доставуваат и потребни количини на мил“, кажа Сашко Ладев, шеф на возен парк на ЈП „Исар“ – Штип.

Паралелно со горниот дел на Отиња, ќе се работи и на уредување на делот меѓу мостот кај судот и камениот мост.

Сподели.


Коментарите се затворени.