Штипската клиничка болница надградена со опрема од 200 илјади евра

0

Нова опрема вредна 200.000 евра е ставена во функција во штипската клиничка болница. Станува збор за современа апаратура, чија цел е да ги подобри условите за работа на ортопедија и гинекологија :

„Набавен е нов лапароскопски столб кој веќе е ставен во функција, набавен е и нов подвижен рентген“, истакна  министерот за здравство, Никола Тодоров.

Софистицирани апарати доби и кардиолошкото одделение :

„Набавено е ново кардиографско ехо со што е заокружен целиот дијагностички и интервентен дел на кардиологијата“, кажа министерот Тодоров.

Посетата на болницата Тодоров ја искористи и за увид во градежните активности на новиот објект на болницата :

„Над 90 отсто од подготвителните и од земјените работи веќе се завршени“, истакна министерот.

Наскоро, се очекува во функција повторно да биде ставен и апаратот за компјутерска томографија. Според надлежните, дефектот е резултат на потрошен материјал, па до негова повторна набавка, томографиите ќе се прават во блиските клинички центри.

стар

Сподели.


Коментарите се затворени.