Немирна ноќ во Штип со несреќи и тепачки

0

Сообраќајна несреќа и групна тепачка се случија вчера вечер во Штип. Сообраќајната несреќа се случи околу полноќ на крстосницата Дујле, каде во судар на автомобил и моторцикл тешко повреден е моторцикнистот, 28 годишен штипјанец со иницијали А.З. Кај возачот на автомобилот Фолсваген Венто, 29 годишниот А.М. од Штип констатирано е присуство на алкохол во крвта 0.36 промили. Повредениот моторциклист е вон животна опасност, но со тешки телесни повреди.

Вчера околу 21 часот на улица Радански пат во Штип избувнала тепачка на која и претходела вербална расправија во која учествувале десеттина лица, дел од нив користеле дрва, секири и гасен пиштол. Резултат од тепачката се четворица повредени на кои им е укажана лекарска помош во Клиничката болница и двајца приведени и задржани во полициска станица Штип.

СВР Штип поднесе кривична пријава против (21) Штипјанка со иницијали М.С. поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Пријавената, од септември 2015 година до март годинава, во повеќе наврати од куќа во Штип сопственост на нејзина роднина, одзела поголем број златни и сребрени предмети кои ги продавала во златарски дуќани.

Сподели.


Коментарите се затворени.