Караорман ѝ кажа збогум на калта и прашината

0

Караорман ѝ  кажа збогум на калта и прашината. Започна асфалтирањето на улиците во оваа населба:

„Се работи за улици во  должина од 2.100 метри, со вкупна површина од 7.359 м/3 и 50 см тампон од страните. Вредноста е 3,5 милиони денари“, истакна Игно Иванов, дир. на ЈП „Стипион“ – Штип.

Вкупно во Стар Караорман ќе се асфалтираат 14 улици:

„Конечно го начекавме и ова. Ние сме приградска населба, не е ред да газиме кал“, велат жители на Караорман.

Со работа , во Караорман ќе се заврши за една недела, по што багерите се селат во Штип:

„Ќе се асфалтира на АСНОМ, Сремски Фронт, мара Минанова, 11-ти Конгрес , Иво Лола Рибар и Вита Поп Јорданова“, кажа Иванов.

Градежната инвазија во Штип за уредување на патната инфраструктура започна уште минатата година и досега за уредување, изгрдаба и асфалтирање , од буџетот на државата и општината се издвоени над три милиони евра.

стар

Сподели.


Коментарите се затворени.