ФОТО: Носот ви го открива карактерот

0

Звучи чудно, но е вистинито. Погледнете ги овие осум различни облици на носеви и кои карактеристики се врзуваат за нив, па самите проценете дали има вистина во тоа.

1.Нубијски нос

Овој облик на нос се издвојува од другите со својата должина. Мостот е речиси рамен, додека пошироката точка на носот е насочена надолу. Лицата со ваков облик на нос се љубопитни и радознали. Исто така се оптимистични, симпатични и секогаш се трудат да најдат решение за секој проблем.

2.Грчки нос

Обликот на овој нос потекнува од познатите грчки скулптури за кои бил карактеристичен. Тој се одликува со тоа што е тесен и прав. Луѓето со овој облик на нос се обично повлечени и не сакаат да бидат во центарот на вниманието. Мошне се практични и лојални. Тешко е да се разговара со нив отворено за емоциите.

3.Кукаст нос

Многумина го споредуваат овој облик на носот со оној што потсетува на птичји клун. Тој е свиткан од основата односно од веѓите до врвот на носот. Луѓето со ваков нос се креативни и пожртвувани. Страсно ги бранат сопствените верувања и не се плашат да ризикуваат за да ги постигнат сопствените цели.

4.Извиткан нос

Мошне е сличен на претходниот, но овој нос е превиткан од носната коска до врвот. Сепак врвот е значително пошилест. Луѓето со овој облик на нос се смета дека се мошне одлучни, мошне се посветени на својата работа и добри се во организација.

5.Копчест нос

Овој нос е мошне краток и делува мошне симпатично. Тоа е најпопуларниот облик, затоа што не ги нервира луѓето. Тие имаат прилично силна волја, сакаат да бидат директни и мошне се одлучни во тоа секогаш да го добијат тоа што го сакаат.

6.Рамен нос

Овој облик е најчест во Азија и малку е порамен од другите облици. Врвот на носот е кружен, а носниците се пошироки. Лицата со рамен нос имаат силен карактер. Тие се мошне темпераментни и страствени, а може мошне да се налутат ако некој си игра со нивното трпение.

7.Конкавен нос

Обликот на овој нос се одликува со мал лак на носната коска. Слично како и копчестиот нос и овој е мошне популарен затоа што не е мошне впечатлив и изгледа мошне нежно. Луѓето чијшто нос има ваков облик се великодушни и секогаш подготвени да им помогнат на другите. Мошне се чувствителни.

8.Накривен нос

Можеби називот на овој нос не е особено ласкав, но овој облик на носот укажува на нежен карактер. Мостот на носот се истакнува додека врвот е мошне заоблен. Лицата со ваков нос се мошне добри во тоа што го прават и знаат да ги сослушаат другите, што ги прави прекрасни пријатели или партнери. Мошне ги ценат лицата што цврсто стојат на земјата.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb