Автопатот Штип – Скопје целосно пробиен

0

Целосно пробиен автопатот Штип – Миладиновци. На клучката кај скопското село, почнува новиот 47-километарски автопат. Нешто повеќе од 11 километри веќе се асфалтирани, а се работи на изгрдаба на останатите , придружни елементи на автопатот:

„Се работи на изградбата на мостовите, на подпатници, надпатници може да се каже дека имаме едно добро темпо на работа“ , изјави Емил Димитриев, премиер на РМ.

Како што неодамна изјави министерот за транспорт и врски Владо Мислајловски,   целата работа треба да заврши во 2017 година:

„Јас очекувам оваа делница дека до крајот на годината да биде завршена, односно да бидат поставени сите три слоја на асфалт“ , вели Владо Мислајловски, министер за транспорт и врски.

Оваа делница, конечно ќе го поврзе со автопатско решение Истокот со главниот град на државата, а патувањето ќе го скрати за 28 километри:

„Ќе се скрати километражата и ќе се заштеде многу бидејќи е голема разликата, но исто така нема да се уништуваат афтомобилите“ , рекоа граѓаните на Штип.

Целата инвестиција е 206 милиони евра, а дополнително во овој дел на државата во завршна фаза е изгрдабата на експресниот пат Велес – Кадрифаково,  а исти такви ќе се градат од Штип кон Кочани и Делчево и од Делчево кон бугарска граница.

стар

Сподели.


Коментарите се затворени.