ЕКСКЛУЗИВНО: Тајната на успехот на УГД разоткриена. Видео

0
 ЕКСКЛУЗИВНО: Тајната на успехот на УГД разоткриена. Погледнете како е да се студира на вториот по големина универзитет во државата. Најновиот конкурс за упис на нови студенти можете да го најдете на следниот линк Студентите заедно со професорите од Универзитетот „Гоце Делчев“ направија кратка видео презентација за сите можности кои ги нуди вториот по големина Универзитет во државата. Според нив ова е јасна презентација на која можат да се видат сите можности и условите во кои студираат актуелните студенти или на каков начин ќе студираат оние кои годинава ќе се одлучат да станат дел од овој Универзитет. Преку квалитетна видео реализација од авионски кадри можат да се видат огромните кампуси во кои се одвива наставата, модерната инфраструктура и информатичката технологија која им е на располагање на студените. Во спотот се гледаат современите лаборатории во кои практицираат студентите и врната технологија која им е на располагање. Спотот ја раскажува и приказната за најсовремената судница за вежби на студентите на правниот факултет и огромното заедничко ателје на ликовната академија. Во видео спотот се и студентите по новинарство кои го практицираат новинарството во современото телевизиско и радио студио како и најрепрезентативната зграда во градот – ректоратот на УГД. Спотот го означува и почетокот на кампањата која ја прави Универзитетот за упис на студенти, а конкурсот за упис на нови студенти веќе е објавен на нивната веб страница.

Сподели.


Коментарите се затворени.