Ново катче во штипскиот ЗОО парк

0

Ново катче во Штипскиот  ЗОО парк. Затворениот дел од Зоолошката доби нова смисла и содржина:

„Ќе има папагали 10, ќе има еребици, на подот ќе бида пуштени зајчиња исто така во оваа просторија ќе има и поставено телевизор на кои ќе се даваат слајдови од ЗОО паркот“ , изјави Ангел Бојаџиев, дир. на ЈП „Исар“ – Штип.

Новото катче во единствениот ЗОО парк во регионот, веќе ги имаше првите посетители:

„Ова катче е многу убаво, јас многу ги сакам животните особено зајчињата и папагалите“ , рекоа децата.

За три години, колку што е во функција, ЗОО паркот стана омилено место на многумина:

„Посетеноста е голема, неделно доаѓаат околу 500 луѓе, се надеваме дека и ова катче ќе биде посетено“ , вели Драган Стефановски, рак. на ЗОО парк.

Во моментов, ЗОО паркот во Штип има 50- видови на животни, а во план е нивниот број да се зголемува.

Сподели.


Коментарите се затворени.