ЈП „Исар“ започна со акција за уредување на детските игралишта во Штип

0

Едно од најстарите детски игралиште во штипската населба Леваци доби нов лик.Вработените во ЈП „Исар“ денес привршија со активностите за уредување на овој просторот и поставија нова урбана опрема. За реновирање на игралиштетот јавното препријатие одвои минимални средства од сопствениот буџет, за децата од оваа населба да можат и понатаму истото да го користат за рекреација во слободното време.

Екипите на јавна чистота се задолжени за одржување на хигиената на овој постор, но одтаму апелираат и граѓаните совесно и одговорно да се однесуваат при користење на оваа игралиште.

Идната недела ќе бидат поставени и останатите детски реквизите со што комплетно ќе биде завршено уредувањето на овој простор.

ЈП „Исар“ ќе продолжи со акцијата за уредување на сите детски игралиште на подрачјето на Општина Штип. Во понеделник ќе се уредува игралиштето во штипската населба Пребег.

Сподели.


Коментарите се затворени.