Прегазен и усмртен велосипедист во Штип

0

Пијан штипјанец усмрти сограѓани. Триесет и седумгодишниот возач Г.Д од Штип кој управувал со автомобил марка „ Алфа ромео “ со штипски регистарски ознаки, вчеравечер удрил во педесет и деветгодишниот штипјанец Богдан Д.

Несреќата се случила во 21. 40 на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „Борис Краѓар“. По извршено алкотестирање од полицијата, кај триесет и седумгодишниот возач Г.Д. од Штип било констратирано присуство на алкохол од 1,23 промили. Во алкохолизирана состојба бил и неговиот сопатник Г.М. кај кого се констатирани 1,87 промили алкохол.

„Велосипедистот починал на местото на несреќата, а смртта е констатирана од лекар од итната медицинска помош“, информира началникот на Отсекот за превенција при СВР Штип, Ангелчо Стојановски.

Според него, по наредба на јавен обвинител ќе се изврши обдукција на починатиот.

канал плус

Сподели.


Коментарите се затворени.