сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија„Зима нема да има“: Пакети од дури 4 килограми јаболка денеска беа...
spot_img

„Зима нема да има“: Пакети од дури 4 килограми јаболка денеска беа поделени на учениците во основните училишта во Штип

Денеска во основните училишта во Штип беа поделени по 4 килограми јаболка на секое дете.

Владата ваквата одлука ја усвои на седница и ја вметна во програмта за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје во 2022 година.

Програмата е нова, се носи прв пат и ќе овозможи околу 186.000 ученици во 350 школи за ужина да добиваат домашни, македонски јаболка.

Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за реализација на Програмата се проектирани 20 милиони денари, средства кои се веќе обезбедени со ребалансот на Буџетот. Со Програмата се овозможува поддршка за откуп, дистрибуција и пакување јаболка од реколтата 2022, а целата откупена количина ќе треба да биде дистрибуирана до општинските и државните училишта најдоцна до 15 декември 2022.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ