Асфалтирањето во Штип Продолжува

0

Асфалтирана улицата „Енгелсова“ во населбата Осми ноември

Продолжува асфалтирањето и реконструкцијата на улици во централното градско подрачје на Штип. По завршување на Партизанска кај Домот на млади, асфалтирана е главната улица во населбата 8-ми ноември :

– Се асфалтираше улицата Енгелсова во должина од околу 600 метри. Вредноста на проектот е околу 1,5 милиони денари – кажа Тоше Ѓорѓиевски од општина Штип.

Станува збор за една од најфрекфентните улици во населбата, која беше доста оштетена:

По Енгелсова, на списокот на општината за асфалтирање и реконструкција има уште многу улици.Следи асфалтирање на улици во населбите Сењак и Баби, а за други низ централното градско подрачје течат тендерски постапки.

Претходно, асфалт добија улиците во приградските населби Чардаклија, Балканска и Горна и Долна Железничка.

13305060_632025723618585_6279996411883937237_o 13308395_632025706951920_283719371821512707_o 13308717_632025693618588_2265782257511105527_o 13317042_632025683618589_7143665899177188164_o 13340297_632025676951923_1575817151134638993_o

Сподели.


Коментарите се затворени.