Штип подготвен за 31-то издание Макфест

0

Штип подготвен за 31-то издание Макфест. Гостите од странство пристигнуваат утре, а домаќините ги привршуваат финалните подготовки околу техничкиот и сценскиот дел :
„Озвучувањето и осветлувањето се наместени како што треба. Цедето е во крајни подготовки, завршени се сите мастеринзи на сите сите песни и очекуваме дека цедеата ќе бидат готови
за ден или два“, кажа Љупчо Мирковски, уметнички директор на Макфест.
Годинава, на сцената на Макфест ќе настапат 30 изведувачи, 23-ца од Македонија и 7-мина од странство. Шансата за победа им зависи од трите начини за гласање :
„Освен жири и телевоутинг, од годинава учесниците ќе гласаат меѓу себе“, вели Мирковски.
Освен во гласањето, новини има и во именувањето на наградите :
„Наградата за најдобра интерпретација ќе се вика Драган Каранфиловски – Бојс, додека наградата за најдобар дебитант ќе се вика Душан Љубисавлевиќ, по повод 20-годишнина од
првото појавување на Дуле и Коки на сцената на Макфест. Тоа е нешто со што сакаме да им оддадеме почит на нашите прерано заминати другари“, објасни Мирковски.
Годинашново издание на Макфест ќе се одржи на 2-ри, 3-ти и 4-ти јуни.

стар

Сподели.


Коментарите се затворени.