Истражување: Кога почнуваме да ги губиме пријателите

0

Едно неодамнешно истражување се занимаваше со тоа на колку години луѓето почнуваат да ги губат своите пријатели.

Во него се наведува дека иако во средношколските денови луѓето речиси цел клас го сметаат за свои пријатели, како годините одминуваат така и бројот на пријателите се намалува.

Истражувањето вели дека на 25 години почуваме да ги губиме пријателите.

Научниците испитувале, колку луѓе имаат контакт по пат на телефон, оставајќи ги социјалните мрежи на страна.

Утврдено е дека 25-годишен маж контактира со околу 19 различни луѓе месечно, а жените со околу 17,5. До 39-тата година таа бројка се намалува на 12, односно на 15 луѓе кај жените. Со 80, таа мажите контактираат со шест лица, а жените со осум.

Научниците тоа го објасуваат со фактот дека младите луѓе многу повеќе сакаат да експериментираат, односно да го истражуваат спектарот на можности кои им се на располагање и за пријателствата и за репродуктивниот партер. Тоа го прават се дури не се одлучат конечно да се смират со оние кои ги сметаат највредни.

Освен тоа, возрасните луѓе повеќе се фокусираат на односите  и децата па имаат тенденција да запознаваат помалку луѓе и тоа исклучиво по пат на одредени животни околности.

Сподели.


Коментарите се затворени.