вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСексуално вознемирување: Професори од УКИМ на студентки им се обраќале со „злато“,...
spot_img

Сексуално вознемирување: Професори од УКИМ на студентки им се обраќале со „злато“, „кукле“ и „маче“

Сексуалното вознемирување не е ретка појава, но сензитивноста на темата, ниското ниво на свест и нормализирањето на проблемот го прави сексуалното вознемирување табу-тема чие решение не е доволно достапно.

Сексуалното вознемирување дефинирано како несакано внимание, физичко или вербално, врз жени и мажи се среќава во сите сфери на општеството, па оттука и на универзитетите.

Во ИТ хабот Нетавил во Скопје денеска беа презентирани наодите од истражувањето – „Перцепцијата и искуството на студент(к)ите при УКИМ со сексуално вознемирување”. Според одговорите, 21.3% од студентите изјавиле дека биле во ситуација професор\ка да им се обрати со прекар, како: „девојче“, „злато“, „кукле“, „маче“.

Дел од студентите биле сведоци на споделување сексуални шеги или шеги што се темелат врз родови стереотипи од страна на професор или професорка, а 15,6 отсто од студентите добиле коментар за нивниот физички изглед, по што се чувствувале непријатно и сексуализирано. Една четвртина од испитаниците не биле свесни дека се случило сексуално вознемирување, а дури половина од нив сметаат дека УКИМ не ги штити студентите од тоа. Една петина од испитаниците одговориле дека се потребни санкции за вршителите на сексуачно вознемирување, покажува ова истражување.

Инаку, истражувањето е спроведено од студентите на Меѓународни интеркултурни студии во соработка со здружението Младински мировен хаб и Фондација Фридрих Еберт – Скопје.

Во истражувањето се опфатени над 300 студенти на факултетите на УКИМ, како и перцепции на професори на УКИМ.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ