Објектите на “ЈП Исар” – Штип, под видео надзор

0

Имотот на ЈП Исар се обезбедува со видео надзор. Тринаесет објекти се покриени со 65 камери, кои снимаат 24 часа и го подигаат квалитетот на заштита на стратешките објекти на градот, како Филтер станицата, градските гробишта, пазарите, Бања Кежовица, зоолошката градина и Центарот за рециклирање. Интервенцијата при било какво уништување на имотот на Исар ќе биде навремено, а надзорот ќе се следи 24 часа.

Десет илјади евра е инвестицијата на Јавното претпријатие за овој проект, кој треба да резултира со заштеда на кадар и поквалитетно обезбедување на имотот.

канај плус

Сподели.


Коментарите се затворени.