Исповед на девојка: Се изнаплакав на погреби, но ништо не ни е

0

Помина еден месец откако почина другарка ми. Млада, 40 години. Денес дознав дека уште една мајка, борец, херој не успеала да се избори до крај… и почна повторно револтот да се буди, да ми гори душата од – НИШТО НЕ МИ Е, ШТО МИ ФАЛИ! Ние сме тие експериментите, 70 – 85 година, Чернобил, американските батаци, вакцините, дојдоа чипсовите, тетрапак млеката, индустријата ни еба матер, секој втор е болен од рак, ама упорно тврдиме дека ништо не ни е. Секој втор мака мачи со затруднување или се лечи од стерилитет, ама ништо не ни е. Дијабетиси, леукемии, мигрени, нередовни циклуси… ништо не ни е, што ни фали?!?! ПАМЕТ! Памет фали. Воздух, отров. ама сите со кола на работа, на семафори мотор не се гаси, срамота е. Ако де, диши си го сопственото срање. Храна отров растена во почва со еден тон хемии, прскана по 30 пати (озбилно 30, без преувеличување), потопувана во формалдехид за да не се расипува. Колку за појаснување, во формалдехид се чуваат лешеви од земјотресот 1963 и денес, 2016 година, студенти на медицина учат на нив. Храна запакувана исто отров. 80% од производите, вклучувајки ги и тетрапак пакувањата се обложени со алуминиум. Алуминиум е тежок метал, кој што го труе организмот на човекот. Разгледајте по дома колку сребренца имате. Храна запакувана, вели кечап (на пример). Има ли нешто зеленчуково во тој кечап или само нешто е црвен со ароми? Ама евтинко е нели? Храна запакувана, вели млеко. Пакувањето што е обложено со алуминиум, алуминиумот препрскан со антибиотик за да не се расипува и со средство против габи е помалата работа. Млеко од каде? Од некоја фарма кај што кравата не видела сонце и јаде, пие, спие и дише од сопствениот измет? Крава која што редовно превентивно се боцка со антибиотици, хормони и сл? Се тоа фино лепо во млекото. Цревата со постојана антибиотска дезинфекција ни се. Не е штетно млекото, здраво си е, но не ова индустрисково со некаков си рок на траење. После во јогуртот додават пробиотици. за кој к*р бе? Јогурот е пробиотик, што има ти да додаваш нешто? Или од толку антибиотици во млекото не успева да стане пробиотик, па го згуснувате вештачки и му додавете пробиотици? Ќе да е така. Порано се знаеше, ЗИМНИЦА сите спремаа. Може од прскана храна, ама барем (се тешам) храна, а не густин, исповарени некакви си отпадоци, многу боја и многу арома. Сите дома имаа од оние огромните замрзнувачи. Храна за цела година, а сега на грамови од месара, грам отров. Да не зборам веќе, јасна е поентата. Ни зборат нашиве: – Бавча ли ќе копате? компир е 20 денари – да не зборам за делот што се срамат дека копаме бавча. Уште не се свесни или не сакаат да се освестат дека се трујат. Ако се освестат ќе треба да дејствуваат, а ги мрзи. Полесно е да се купи отровче од продавница отколку да копа бавча. Кој ќе гледа турски серии, м? Ги прашавме: – Во ваше време колку од вашите пријатели, колеги од факултет, работа, колку од роднините имаа проблем со стерилитет? Колку од нив останаа без деца (порано немаше ин витро) или посвоија дете? – велат НИКОЈ. во превод: реткост било. – Ај сега разгледајте наоколу. Колку од децата на вашите пријатели ги имаат тие проблеми? – молк настанува. Пола комшилук по болницине се сретнува, не пред зграда. ДЕКА НИШТО НЕ НИ Е!!!! кога бевме мали и некој заболеше од рак, сите се испотресуваа. Сега е веќе нормално да имаш рак. Секој втор си го има. Се лечи, со нови отрови. Е БРАВО БЕ! Нормално стана да си болен. Луѓево си го прифатија така и така си тераат. Нема промени во начин на живот. ништо не ни е! Кога бевме мали аптеки имаше 10-на во цело Скопје. Не се ни сеќавам дека имаше дежурни аптеки. На доктор за настинка ни даваа чај, лимони, топли супи… Сега аптеки има на секој чекор, сите работат маме ебаваат, од доктор излегуваш со 15 ливчиња хемии што наводно ти помагаат и нам упорно ништо не ни е. Гледајте си реклами дека е без конзерванси, дека е 100% природно, дека е органско, дека е здраво, дека ви треба… полесно е да им веруваш и да си тераш со стадото отколку да фатиш мотика во раце и да си обезбедиш здраво за семејството. МЕНЕ МИ Е! Многу ми е! Од што ништо не ни е, јас немам мајка, немам другарка, другарка ми нема дете, се изнаплакав на погреби… душа немам веќе, пепел се сторив… МЕНЕ МИ Е!

Текстот е преземен без интервенција од Фејсбук-страницата „Огнените ѕверови на Дамјана“.

Сподели.


Коментарите се затворени.