Предаден во употреба асфалтен пат и до Суво грло

0

За три години во инфраструктура, во лакавичките села се инвестирани над 4 милиоини евра. Приоритет во комуналните зафати беа патишта, улици, чешми и плоштади, преку кои се подобруваат условите за живот на тамошните жители. Градоначалникот на Штип, прим. м-р Илчо Захариев, најавува и други активности во уште неколку рурални средини.

Со денешното пуштање во употреба на локалниот пат до Суво Грло, се заокружуваат напорите на локалната самоуправа за создавање услови за подобар живот во руралните средини во лакавичко, рече прим. м-р Илчо Захариев, градоначалник на Штип.

Преобразбата на селата преку подобрената инфраструктура е резултат и на координирана активност на локалната со државната власт, нагласи Трајче Димков, пратеник во Собранието на РМ.

За жителите во лакавичко патиштата значат нова етапа во нивниот живот, затоа што по 70 години, за прв пат, наместо по кал, до Штип и обратно, ќе одат по асфалтен пат.

Но, патот до Суво Грло е само еден од многуте проекти, кои штипската локална самоуправа ги има реализирано во овој регион.

Во наредната фаза, следува проект за водоснабдување, преку изградба на канал од Мантово до селото Софилари.

Иналку, досега, за различни инфрастуктруни зафати во лакавичко, се инвестирани над 4 милиони евра.

канал плус

Сподели.


Коментарите се затворени.