Наградените 25 студенти пристигнаа во Барселона

0

Дваесет и пет најдобри студенти во завршна година од првите три пласирани универзити на националното рангирање кои што добија наградно патување од Министерството за образование и наука пристигнаа во Барселона.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски на својот Фејсбук профил денеска објави дека 25-те студенти од првите три најдобро рангирани универзитети во земјава – Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот на Југоисточна Европа, пристигнаа во Барселона.

– Дестинација која тие ја одбраа во рамки на владината стимулативно – наградна мерка за студентите кои имаат просек над 9,5. Освен авионскиот превоз, бесплатен им е и тридневниот хотелски престој и исхрана. Мерка која ја најавивме кон крајот на минатата година, а денес е уште едно исполнето ветување. Им посакувам убави моменти, објави Ристовски.

Ристовски претходно соопшти дека на јавниот повик аплицирале 132 студента, а 25 ги исполнувале условите наведени во конкурсот според мешовитата комисија. Како дестинација за патувањето покрај Барселона биле понудени и Париз и Венеција.

Оваа мерка, како што беше објавено, ќе продолжи и во наредната година.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb