четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВременска прогноза: Не излегувајте без чадор - Македонија ја очекува облачно време...
spot_img

Временска прогноза: Не излегувајте без чадор – Македонија ја очекува облачно време со врнежи од дожд

Локални врнежи од дожд ќе има и во понеделник, особено претпладне. На повисоките врвови на северозапад ќе врне снег. Нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда претпладне

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни и се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен за 24 часа, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално ќе биде нестабилно со поинтензивен пороен дожд и грмежи, особено во југоисточните и источните делови од земјава. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообилни и поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 15 степени.

Локални врнежи од дожд ќе има и во понеделник, особено претпладне. На повисоките врвови на северозапад ќе врне снег. Нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда претпладне.

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени четири степени, а максимални 19 степени се измерени во Струмица.

Според УХМР, на Попова Шапка се измерени и најмногу врнежи, во изминатите 24 часа вкупно 14 литри на метар квадратен.

Најмалку врнежи изминатите 24 часа имало во Охрид, два литри на метар квадратен. Измерени се и 12 литри во Пожаране и Маврови Анови, 11 во Лазарополе, 10 во Тетово, 7 во Претор, 6 во Прилеп, 4 во Битола и Крушево, како и 3 литри во Скопје и Дебар.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ