Во Мултимедијалниот центар при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе се одржи 11. научен симпозиум на тема „Промени во усната празнина и лицевата регија – епидемиолошка состојба, превенција, дијагностика и третман“.
Симпозиумот, како што е најавено, е со меѓународно учество, а е акредитиран од стручната комисија при Стоматолошка комора на Македонија.