Келенер пронашол торба со 42.000 евра, ги вратил парите а потоа му се случило нешто што никој не очекувал

0

Верувале или не, чесни граѓани се уште има, а најдобар пример за тоа е келнерот Саво Петровиќ (21) од Љубовија, Србија кој пронашол женска торба со 42 000 евра и платежни картички. Тој без размислување торбата ја однел во полиција, а за чудо, сопственичката на оваа ташна, воопшто не му се ни заблагодарила за гестот со кој и спасил толкава сума на пари.

 Како што раскажува, работел втора смена во кафулето “Кутак 105” каде што ги служел гостите на терасата. Кога отишол до една од масите за да ги собере шољите, на едно од столчињата имало женска ташна.

– Ја внесов ташната и го повикав   затоа што знаев дека гостите кои седеа на таа маса, двајца мажи и две жни, не беа од тука. Ја отворивме торбата, а во неа имаше многу пари и платежни картички. Ја извадивме личната карта, а жената која беше на сликата не ја препознавме. Тоагаш виканавме полиција, а тие дојдоа и ја земаа торбата, вели Саво.

 Тој продолжил со смената, а кога подоцна полицајците му го донеле записникот да го потпише, видел дека во торбата имало 42 000 евра.

 – Кога го потпишав записникот не можев да поверувам дека имало толку пари… кој носи толку пари со себе, па уште и да ги заборави, се прашува Саво.

 Како што вели 10 дена поминале откога тоа се случило, а никој не му се јавиул ниту пак го побарал. Дознал дека жената чија била торбата си ја земала од полиција, а таа била Лозница. Само ја земала ташната и потврдила дека ништо не фали.

 Саво вели дека не му е криво што ја вратил и воопшто не се грижи дали некој му се заблагодарил или не, како и дека повторно би го направил истото.

– Некои ми викаат дека сум будала што сум ги вратил, ама јас повторно би го направил истото, изјавил скомниот Саво, машински техничар кој вели дека ќе работи како келнер додека да најде работа во струка.

Сподели.


Коментарите се затворени.