Кога е најдоброто време за купување на евтини летови?

0

Според анализите на „Чип еир“ („CheapAir“) направени на над 1,2 милиони летови од 2015 од САД до 74 популарни дестинации низ светот, за да добиете поевтин лет клучно е времето кога го купувате билетот. Резултатот од нивната анализа е корисен за секој кој често лета.

Еве кога да го резервирате билетот за да ја добиете најевтината цена:

САД – 54 дена пред летот.

Мексико – 75 дена пред летот.

Канада – 75 дена пред летот.

Централна и Јужна Америка – 70 дена пред летот.

Карибите – 320 дена пред летот.

Африка – 215 дена пред летот.

Европа – 120 дена пред летот.

Азија – 160 дена пред летот.

Среден Исток – 215 дена пред летот.

Австралија – 320 дена пред летот.

Сподели.


Коментарите се затворени.