Се реконструира летната сцена на Дом на млади

0

По 15 години пауза, култната летна сцена во штипскиот Дом на млади, го враќа стариот сјај. Периодов, интензивно се работи на уредување на надворешниот дел на објектот :
„Го обновивме чадорот кој е дел од летната сцена, а во периодот што следи ќе го обновиме и останатиот дел“, кажа Вишна Шорова Ангелова, дир. на Дом на млади – Штип.
Сево ова, е во насока летната сцена повторно да биде омилено место на младите штипјани, а за старата навика да се врати, Домот на млади ќе понуди богата програма :
„Овде ќе се случуваат забавите по финалните вечери на Макфест, исто така ќе имаме промоција на се она што е сработено во балетското студио, а предвидена е и промоција на млади автори“, објасни Ангелова.
Првиот настан на летната сцена по една ипол деценија ќе се случи наредниот вторник, за кога е закажан Туторс фестивал :
„На него ќе настапат групата No End, Илија Кикиритков, Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд, а настанот ќе го затвори Неша од Галија“, објасни Ангелова.
Сите заинтересирани за фестивалот, влезници во претпродажба може да набават во просториите на Домот на млади.

Сподели.


Коментарите се затворени.