Венчавка со стил: Како пожарникар се ожени со својата сакана

0

Млад пожарникар толку бил горд на својата професија па одлучил денот на венчавката да го направи посебен така што ќе ги спои работата и саканата.

Имено 28-годишниот Мурат Јилмаз кој е шеф н противпожарната служба во Маниса, Турција на својата венчавка невестата наместо во накитен автомобил, својата невеста ја возеше во противпожарното возило, соодветно разубавено за оваа прилика.

Тој со своето возило ја предводеше колоната гости и сватови низ улиците на Маниса  и предизвика воодушевување кај своите сограѓани.

-Јас сум човек кој многу си ја сака работата и таа е дел од мене и ќе остане до крајот на живот. Токму затоа сакав тој момент да го потенцирам на свадбата и да го направам незаборавен. Мојата венчавка на овој начин навистина е најсреќниот момент во мојот живот, вели Мурат.

Сподели.


Коментарите се затворени.