На ова момче никој не му дошол на роденденот – Мајка му објавила на Фејсбук, но ова не го очекувала

0

Рејчел Брајан совршено го испланирала роденденот на својот четири годишен син. Поканиле 12 негови другари, подготвиле голема торта во облик на омилениот негов супер херој, грицки, сок и ги чекале гостите.

Но, гостите не се појавиле.

Збунетата мајка ги контактирала родителите на момчињата. Некои се извиниле со оправдување дека се спречени, а другите не дале ниту соодветен одговор.

Целата во очај Рејчел обајавила на Фејсбук што се случило и побарала помош од луѓето да и дадат идеја како би го расположила својот син.

Пораката ја објавила на страницата Midnight Mums.

Потоа се случило чудо. Стотина честитки почнале да пристигнуваат, а на Рејчел и стигнала порака да го однесе својот син во блискиот ресторан за брза храна.

Рејчел истото го направила, а таму ги чекало изненадување – во ресторанот се собрале  околу 30 деца со подароци и честитки за Тенон.

Сите заедно уживале, се смееле и дружеле, иако никогаш порано не се виделе, а Рејчел со гордост го гледала лицето на својот син кое постојано се смеело.

Сподели.


Коментарите се затворени.