Асфалтирана хорор улицата во Штип која води до „Света Недела“

0

Асфалтирана хорор улицата во Штип која води до „Света Недела“.
„Овде беше навистина лошо, луѓето имаат проблем за минување, но и амбулантни и противпожарни возила не можеа да поминуваат“, истакна Илчо Захариев, градоначалник на Штип.
Улицата е со должина од околу еден киломатер и нејзиното асфалтирање чинеше 800.000 денари, но пред да се асфалтира овде мораше да се реши проблемот со водите од блиските дивоградби:
„Екипи на Стипион направија одводи за прибирање на овие води, па дури тогаш асфалтиравме“, рече Тоше Георгиев, о. Штип.
Во овој дел на градот живеат околу 200 семејства и досега минувањето оттука им беше повеќе од проблем:
„Сега е одлично, на вакво нешто не се надевавме“, велат жители на Штип.
Во план е , во овој дел од градот да се направат и околу 30 монтажни куќи наменети за ромски семесјтав, кои го немаат решено станбеното прашање.

стар

Сподели.


Коментарите се затворени.