Aдминистрацијата на Исар повторно во акција!

0

Aдминистрацијата на Исар повторно во Отиња. Променливите временски услови не ги спречија административците да излезат од канцеларија и да помогнат во разубавување на коритото на реката :
„Со задоволство ја прифативме оваа акција и едвај чекаме директорот повторно да организира, да излеземе од канцелариите“, вели Соња Лонгурова, вработена во ЈП „Исар“ – Штип.
На сите нив, им е посебно драго затоа што всушност работат на разубавување на сопствениот двор :
„Убаво е овој дел да се среди и многу ни е мило, затоа што ние секој ден поминуваме од овде“, кажа Емилија Рунчева, вработена во ЈП „Исар“ – Штип.
Ваквите акции на Исар, веќе преминуваат во традиција :
„Денес повторно административците се на терен, на потегот од мостот кај полицијата до јавното претпријатие“, изјави Ангел Бојаџиев, дир. на ЈП „Исар“ – Штип.
А се она што Исар го прави за граѓаните, треба и да се чува :
„Апелираме до граѓаните да го чуваат она што се прави, особено да внимаваат на дрвцата и клупите“, рече Живко Тасев, РЕ Паркови и зеленило.
По завршување на овој потег, работниците и административците на Исар се селат во корито на Отиња од црквата Св.Никола до Ново Село.

Сподели.


Коментарите се затворени.