Ги поместува границите на сензуалноста: Парфем создаден за гламурозни жени!

0

Giorgio Armani  во својот нов интензивен парфем SI, воведува екстремна страст: Возбудлива почит за жени кои прифаќаат ризици.

Лансиран во 2013-тата година, SI ја отелотворува неодоливата модерна женственост. Жена со благодет и независен дух, восхитувачка и софистицирана, спокојна во својата самодоверба, а кога избира е многу заводлива.

Остварлива. Смела. Гламурозна. Пронаоѓа сила во нејзините желби. За неа, SI Intense е изјава на возвишена елеганција. Решително ДА за нејзините емоции и шанси да го поседува сето тоа.

si2

SI Intense  ги поместува гранците на сензуалноста. Телесна прегратка завиткана во црно, која  интригира и плени. Темно светли делови наспроти  гола кожа е суштината на италијанскиот стил , деби на незаборавна атракција.

Sì Eau de Parfum Intense

Нов археотип за страсните жени.

SI Intense ја отсликува  сензуалната и елегантна Армани жена. Повеќе е застапен уникатниот Chypre  кој не понесува  до неочекувани длабочини. Мирисот е обвиткан со луксузна црна хармонија.

Составен од бесконечни нијанси, црната боја е прозрачна во своето заведување и мистерија. Двојност мајсторски преведена во офлактив еликсир на светли нектари продлабочени со зрна ванила, дрвенести мириси и амбер.

Со волшебна јасност, црната рибизла  е нота извлечена од срцето на самото овошје, која е осветлена со мирисот на бергамот и мандарина и со свилената фресија.

Богата, флорална и интензивно женствена , срцевината нуди букет од мајски рози и супермиризливи Нероли.

si

Со затоплување на кожата, мирисот ја открива својата телесна природа. Сензуалните ноти на ванила се направени да предизвикаат апсолутен раскош.  Смолестите борови иглички, златниот бензоин, и темната дрвеност на орканоксот и пачулито ја отсликуваат женсвеноста. Мирисот е страсен, тивок, моќен, наметлив и непогрешливо женски.

Мистериозен. Безвременски. Пргавата склупорска капа е направена да се топи во шишето на Си.

Стопена во рамките на транспарентноста на стаклото, линиите се со остри прстени од злато, а внатрешноста е маскирана преку кадифената црна постава.

si3

3-Д лакираниот ефект е инспириран од Мурано стаклото.  Неговата длабочина се пстигнува со иновативни термо фузии на ексклузивно хибридно стакло до традиционално стакло. Во овој случај, црната боја  наспроти јасната транспарентна се користени  за да се засили скапоцената природа на шишето.

SI е сензуален објект, моќен како и емоциите кои ги поттикнува.

SI за смелост

SI за страст

SI за себеси

Цени:

30мл- 4030 денари

50мл- 5720 денари

100мл- 8030 денари

Ние постоиме за вас Парфимерија ДО-НА

Ул.Ванчо Прќе 67/33 Штип

Сподели.


Коментарите се затворени.