До септември е најавено завршување на Експресниот пат Штип – Велес

0
85 отсто од изгрдабата на експресниот пат Велес – Кадрифаково се веќе завршени. Останатите 15 % би требало да бидат готови до септември. Ова е констатација од денес извршениот увид во градежните работи на првиот експресен пат во источана Македонија:
Патот е со должина од 26 километри и е инвестиција вредна 14,6 милиони евра. По изгрдабата на патот, следува поставување на банкини, нова сигнализиација и осветлување на делови од него.
Експресниот пат кон Велес е еден од трите, најавени за изградба во овој дел од државата. останатите два се кон Кочани и кон Радовиш.
Во тек на изградба е и автопатотот Миладиновци – Штип, во должина од 47 километри, каде се реализирани 36 проценти од градежните работи.
Пробиени се 93 проценти од трасата и моментално се работи на земјени работи, а поставен е прв слој асфалт во дожина од околу 8,5 километри.
Сподели.


Коментарите се затворени.