Се асфалтираат улици во населба Черења во Штип

0

Нов асфалт доби улицата која ги поврзува населбите Блок 2000 и Света Недела во Штип. Се надмина проблемот со непристапните делови на овој потег кој претставуваше голем проблем за населението. Жителите се задоволни од обновувањето на улиците, но од локалната самоуправа бараат решавање и на останатите комунални проблеми.

Општина Штип работи и на решавање и на станбениот проблем на ромите сместени во старото нервно одделение. Во населбата Черења во план е да се подигнат триесет монтажни објекти за сместување на овие лица.

Со завршување на асфалтирањето на улицата Черења, локалната самоуправа планира поставување асфалт и на неколку споредни улици во оваа населба.

канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.