ЈП „Исар“ го обнови возниот парк

0

Штипски „Исар“ продолжува со обновувањето на возниот парк. Овој пат за потребите на претпријатието обезбеди повеќе наменски камион во вредност од 3 милиони денари, со кој навремено ќе ги извршуваат работните задачи.

Освен за транспорт на градежен материјал за работа, камионот ќе се користи и за одржување на уличното осветлување во градот.

ЈП „Исар“ располага со 40 возила, од кои повеќе од половина се заменети со нови. Возниот парк од пред некое време е збогатен со камиони за исфлање на отпад, трактори, метачки и косилки.

канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.