Нови цени на горивата- навтените деривати поскапуваат

0

Нов рекорд за 2016 година достигна цената на нафтата во средата на светските берзи. Американската „лесна“ нафта, во средата поскапи за 35 центи на 45 долари по барел, додека северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува и во Македонија тргувањето го заврши на ниво повисоко за 37 центи односно 46,81 долар за барел.

benzin-(1).jpg6

Ваквото движење на цените на светските берзи значи дека не чека значително поскапување на нафтените деривати во малопродажбата.

Последната корекција Регулаторната комисија за енергетика ја изврши на 18 април, кога бензините поскапеа за половина денар и за 1 денар, додека цената на нафтата остана непроменета.

Тогаш просечната цена врз основа на која се вршеа пресметките беше 39,9 долари за барел, а во моментов цената е за скоро 7 долари по барел повисока.
Следната корекција на цените ќе биде на 3 мај, во вторник а новите цени ќе важат од среда на полноќ. Со оглед на движењата на светските берзи се очекува позначително поскапување.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb