вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија„Мајка“ Македонија пресуши за своите „деца“: Брашното, зејтинот, лебот и млекото станаа...
spot_img

„Мајка“ Македонија пресуши за своите „деца“: Брашното, зејтинот, лебот и млекото станаа луксуз – Нема веќе живеење, останува само да се преживее!

Дека живеачката е неподносливо скапа денеска потврда даде Државниот завод за статистика. За една година или од септември лани до септември годинава трошоците на живот се зголемени за речиси 20 отсто. Дел од основните прехранбени производи се поскапи и за 50 отсто, а властите со месеци се фалат дека мерките кои ги носат како замрзнувањето на маржите даваат резултат и ја контролираат состојбата.

Синдикатите револтирани, работниците не само што мака мачат да го прехранат семејството, туку сега на големо работодавачите на властите им се закануваат и со откази доколку не добијат државна помош за струја.

Во септември годинава во однос на истиот месец лани инфлацијата е зголемена за 18,7 отсто. За само еден месец или, од август до септември годинава трошоците на граѓаните се зголемени за 1,6 отсто. Извештајот кој го објави Државниот завод за статистика покажува дека за една година трошоците на граѓаните за набавка на храна и пијалоци се зголемени 28,7 отсто. Трошоците за домување како сметките за струја, вода, парно се повисоки за 19,4 отсто.

Кај транспортот пак забележан е раст за 13,6 отсто. Извештајот на статистичарите само ги потврдува реакциите во јавноста дека дел од прехранбените производи кои редовно граѓаните ги набавуваа, сега стануваат луксиз. За една година лебот и житариците се поскапи за 50 отсто, месото за над 26 отсто, рибата за 13 отсто, зејтинот е поскап за 45 отсто, овошјето и зеленчукот околу 15 отсто, шеќерот.

Џемот и останатите кондиторски проиизводи се поскапи за 23 отсто, кафето чајот и какаото за 18 отсто. Ваквите податоци дополнително ги револтираа борците за работнички права кои сметаат дека Владата не презема ништо во изминатиот период да се спречи ваквиот галопирачки раст, а трендот на осиромашување на работниците и граѓаните никој не го спречува, туку напротив газдите се закануваат со откази.

„Владата и работодавачите го честитаа 07 октомври, Меѓународниот ден за пристојна работа со непристојни плати и непристојна работа, со сиромашни работници и граѓани кои веќе не можат да си ги дозволат основните потреби за егзистенција. Поради се поевидентното зголемувањето на цените, имаме тренд на осиромашување на работниците и граѓаните и итно е потребно зголемување на платите  со кој ние работниците без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница. Бизнисот и газдите и во време на економска и енергетска криза направија милионски добивки додека работниците едвај преживуваат и го чувствуваат на сопствена кожа најголемото зголемување на трошоците за живот од 18.7%. Тоа што им е потребно на работниците е едноставно, поголеми пристојни плати и пристојни услови за работа“, велат од ССМ.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ