Пресметајте дали ви е судено да бидете богати- се зависи од вашето име

0

За некои луѓе парите не претставуваат голема грижа, па дури и не се трудат премногу за да заработат, затоа што кешот едноставно им се лепи. Од друга страна пак постојат голем број на луѓе кои напорно работат цел живот, а слабо заработуваат и секогаш остануваат на истата позиција, кога парите се во прашање. Ако сте се запрашале зошто тоа е така, одговорот можете да го најдете во нумерлошката матрица од името на секоја личност, односно во бројот кој се вика пари, работа и богатство.

Прво напишете го вашето име и презиме, па во табелата под текстов најдете го бројот кој одговара на секоја буква. После тоа е потребно да ги соберете броевите од името и презимето одвоено, а потоа да ги соберете и тие два броја. Многу е важно да ги собирате се додека не добиете едноцифрен број.

ggggggggg.jpg-700

Пример:
Марија:
9+1+5+4+5+1 = 25
2+5 = 7

Број 1
Бројот 1 тежнее кон тоа секогаш да биде прв. Тие личности се трудат совршено да ги обавуваат своите задачи, бидејќи знаат дека од тоа им зависи нивното самопочитување. Никогаш не се потпираат на други луѓе и не сметаат на туѓата помош. Единиците по правило заработуваат многу добро, но никогаш нема да бидат милионери. Нив повеќе ги интересира работата, отколку стекнувањето на капитал.

Број 2
Овие личности секогаш покрај себе имаат партнер кој им помага околу тоа како да дојдат до пари. Нивниот партнер обично ги издржува, вработува или им обезбедува услови за да можат да ги изреализираат работните потенцијали. Двојките најмногу доаѓаат до израз кога работат во групи или тимови и тогаш тие најмногу заработуваат и напредуваат.

Број 3
Овие личности можеби и најмногу ги сакаат парите, но до нив доаѓаат многу тешко, но ако успеат сопствениот бизнис да го поврзат со својата потреба за забава, тогаш на овие личности пари нема да им недостасуваат. Поради недостаток на талент за некоја одредена работа овие личности честопати имаат несигурни заработки. Нивна главна каракеристика им е креативноста.

Број 4
Овие личности во животот до ништо не доаѓаат лесно и секогаш мора да се помачат доколку сакаат нешто да добијат. Исто така мора да вложуваат неверојатни напори за секој нивни успех и да се одречат од забавата поради работа. Честопати можете да ги слушнете како одбиваат работи кои ги сакаат, поради тоа што во тие полиња нема доволно заработка. Сепак, таа нивна посветеност нема секогаш да им обезбеди материјална сигурност и мир. Четворките се големи работници.

Број 5
Овие личности се лежерни и нивната најголема заработка ги очекува на патување или во странство. Петките се многу прилагодливи личности кои имаат добра интуиција. Исто така имаат и способност која им помага да не трошат многу пари. Може и да се каже дека петките каде што другите даваат, тие добиваат. Поради нивната прилагодливост тие се спремни да работат било што и никогаш нема да бидат сиромашни.

Број 6
На овие личности им се потребни луѓе кои се истомисленици и со кои ќе се поврзат. Шестките својот најголем успех го остваруваат преку семеен бизнис. Главен парадокс кај нив е тоа што колку повеќе даваат, толку повеќе имаат. Ако тие не успеат да се вработат во заедница, може да се случи целиот живот да го п;оминат во сиромаштија.

Број 7
Овие личности успеваат да го пронајдат најрационалниот пат за остварување на своите потенцијали. Најмногу сакаат кога откриваат туѓи тајни, бидејќи тоа им оди од раце, а исто така можат и солидно да заработат на тој начин. Седмиците се во состојба да ги жртвуваат парите само за да го работат она што го сакаат и она во кое веруваат. Ако судбината им е таква да не мораат да се грижат за финансиите и да се посветат на оние работи кои ги сакаат, тогаш тие ќе бидат апсолутно среќни.

Број 8
На осмиците им е најважно да бидат добро платени за она што го работат. Тие никогаш ништо не прават волонтерски, бидејќи професиите во кои нема заработка едноставно не ги интересираат. Тие не се способни само да заработат пари, туку се способни и да го дуплираат. Една од нивните главни карактеристики е тоа што знаат каде треба да вложат пари.

Број 9
Деветките трагаат за работа која ќе им донесе брз, лесен и голем профит. Личностите под овој број и парите се во комплицирани односи. Нивната главна карактеристика е нетрпеливоста, а тоа за нив е голема препрека во работата и заработувањето. Ако деветките сфатат дека трудот не секогаш мора да се исплати од прва, имаат голема шанса да се обогатат.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb