Стареат и лекарите и пациентите на крајниот исток

0

Стареат и лекарите и пациентите на крајниот исток. Па здравствените домови полека ги губат познатите специјлистички кадри, а младите лекари заминаа на печалба во туѓина. Ова е клиничката слика на здравството во Пијанец и Малеш, каде терапијата со реформите не делуваше. Па евидентираме недостиг од интернисти , педијатри, рентгенолози, недостасуваат и лекари за службите на итната медицинска помош во општините од целиот регион.
„Младите колеги заминуваат од нашата општина ние бевме 19 матични лекари сега сме 12, интерес за млади лекари матични веќе нема. Не се стимулирани да останат во нашата општина има се помалку специјализации“ , вели д-р Соња Мавродиева, спец. по семејна медицина од Делчево.
Матичните лекари кои останале,велат дека нема пакет за основни услуги во примарното здравство,дневно имаат и по 100 пациенти и немаат време да работат на полето на превенцијата
„Здравството е прв и основен столб во сите друштва здрав народ значи и здрава држава, но досоинството на лекарите е на многу ниско ниво“ , изјави д-р Соња Мавродивеа, спе. по семејна медицина.
Во борбата за достоинство на професијата, многуте реформи, протоколи за работа и е-термини, останаа заглавени задрсвтвените осигуреници врз чиј грб се чувствува и болеста и реформата, но и трошоците за пат за да стигнат до најблискиот здравствен центар Кочани, Штип или Скопје.
„Нема кај нас невролог, нема психијатар, целиот систем е таков, но најголем проблем е што нема луѓе овде во Малешевијата“ , кажаа граѓаните на Берово.
Дека здравството во крајниот исток остаре, а млади лекари нема, констатираше и министерот за здравство при посетата во М. Каменица.
„Апелирам до младите да се запишуваат на факултетот за медицински работи, бидејќи државата има потреба од лекари“ , истакна Никола Тодоров,министер за здравтсво.
Апелот на министерот е добредојден и денеска, кога евидентираме дека најмалку 5 млади лекари од регионот заминаа на работа во Германија, а во здравствениот дом во Берово се уште стои неупотребен новиот рентген апарат за абдоминална дијагностика, а сега и за мамографот, нема рентгенолог. Најавените нови специјализации за лекари од регионот, се надеж за пациентите, а недежта, секогаш, последна умира.Стареат и лекарите и пациентите на крајниот исток.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb