Историска година: Енрике, Дејвид Гета и Продиџи летово со концерти во Македонија

0

Македонија е пред веројатно најдобрата музичка година во историјата.

ВЛЕЗНИЦИ ЗА ОВОЈ НАСТАН МОЖЕТЕ ДА КУПИТЕ ВО WE TRAVEL ВО ШТИП И СТРУМИЦА
ПОЗНАТИ СИТЕ ДЕТАЛИ ОКОЛУ ВЛЕЗНИЦИТЕ:
НА DAVID GUETTA СО ROBIN SCHULZ КАКО СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН ЗА НЕВЕРОЈАТНИ ОД 500 ДО 999 ДЕНАРИ!!! За повеќе информации кликнете ОВДЕ.

vvv
Бидејќи ова е прво издание на брендот Skopje Calling во Македонија, Авалон продукција се одлучи за неверојатно прифатливи цени, за шестчасовниот музички спектакл со David Guetta и Robin Schulz како специјален гостин кој ќе се одржи на 5ти јуни во арената „Филип Втори“ (Градски стадион- Скопје)

Во јавноста веќе се појавија информации кои ги потврдивме од извори блиски до Авалон Продукција дека наскоро во Македонија свои концерти ќе имаат вистински светски музички ѕвезди.

Се работи за една од најголемите светски ѕвезди Енрике Иглесијас, веројатно најголемиот хитмејкер во поново време, Дејвид Гета и легендарните Продиџи, еден од најголемите бендови на сите времиња особено познат по тоа што прави спектакуларни концерти.

Ако на ова се придодадат веќе најавените Џон Њуман и Ал ди Меола кои ќе одржат концерти во Скопје и Охрид, сосема јасно е дека Македонија е пред својата најдобра концертна година во историјата.

Авалонци не сакаа ниту да ја потврдат информацијата, ниту да ја негираат. Само искоментираа: „Одиме понатаму“.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb