Кога се разболеле нивната слика полна со љубов го опколи светот, сега се здрави и горди на својата победа!

0

Пред две години фотографија на три девојчиња кои боледувале од тежок вид на тумор ги освои срцата на илјадници луѓе. Денес сите три девојчиња ја победиле болеста и растат среќно и весело.

Рејани Френклин (8), Ејнсли Питерс (6) и Рајли Хугеј (5) станаа ѕвезди благодарениe на фотографијата на која позираат заедно гушнати. Во тој период Рејани ја завршила својата последна серија на хемотерапија.

Додека се бореле со туморот, станале блискi другарки а по неколку години сите три успеале да ја победат оваа тешка болест.

Сега кога можат да го слават животот, фотографите одлучиле уште еднаш да ги сликаат.


“Одлучивме тоа да го направиме оваа година за сите да видат колку се имаат променето. Сите три девојчиња се добри, а туморот се има повлечено”, рекла Лора Скатлинг, која ги фотографирала за сајтот Today.mk.

“Ова е неверојатен спој и неопходно е да сфатат дека направиле голема промена во сфакањето на ракот кај бебињата.”

На фотографијата се гледаат девојчињата облечени во фустанчиња кои ја држат врамената оригинална фотографија. Сите три имаа насмевка на лицата.

Сподели.


Коментарите се затворени.