Мало девојче кое има уште 2 дена живот симболично „се омажи“ со татко ѝ кој ѝ ветувал свадба од соништата

0

Татко  кој отсекогаш ветувал дека ќе ѝ направи на ќерката свадба од соништата, „с

Енди, кој е дел од воздухопловната армија на Британија, отсекогаш велел дека неговата ќерка еден ден ќе се омажи на свадбена прослава од соништата, но не ни помислувал дека животот вака ќе си поигра со него.

„Од моментот кога дознавме дека Попи-Меј е девојче, јас велев дека еден ден таа ќе има свадба од соништата. Никогаш, ама никогаш не помислував дека ќе се случи ова. Нашите срца се скршени засекогаш, но сакав да го одржам ветувањето кое ѝ го дадов на мојата принцеза. Не беше онака како што си замислував, но таа го доби нејзиниот свадбен ден“ – рекол Енди.

Проблемите на малата Попи-Меј започнале на 14 февруари кога нејзината мајка забележала дека таа не јаде како вообичаено, дека има констипација и дека губи баланс. Докторите ѝ препишале лаксативи, но ситуацијата само се влошувала. Малото девојче започнало да повраќа, целосно одбивало храна и престанало да оди, а му се појавила и грутка под градниот кош.

По направените прегледи, мајката на Попи-Меј, Семи, ја слушнала ужасната вест дека нејзината ќерка има тумор на бубрегот, кој започнал да се шири на белите дробови. „Во тој момент знаевме дека имаме битка која треба да ја водиме, но се надевавме и се заколнавме дека ќе направиме сè за да ја спасиме“ – рекла Семи.

Се ожени“ со неа откако дознал дека ѝ остануваат само 2 дена живот и дека свадбениот ден никогаш нема да дојде. Малото девојче има само 16 месеци и е болно од неизлечив рак.

На церемонијата која се одржала во текот на изминатиов викенд, Енди Бернард „стапи во брак“ со својата мала принцеза Попи-Меј која ги живее последните денови на овој свет. Попи-Меј била одведена до олтарот од својата мајка, а придружба ѝ биле двајцата браќа Рајли и Џејсон-Џеј.

За жал, ракот се ширел пребрзо и докторите утврдиле дека се работи за многу редок и агресивен тип на рак. Шансите Попи-Меј да преживее биле минимални, но таа одлично реагирала на хемотерапијата.

Само што добиле родителите надеж, на 16 март на Попи-Меј ѝ пронашле и рак на мозокот, кој поради локацијата не можел да се оперира. „Се запрепастив. Не ми се веруваше дека ракот и беше пронајден по 4 недели поминати на болница“ – рекла Семи, на која ѝ било кажано дека доколку не се лекува, на нејзината ќерка ѝ остануваат уште два дена живот.

Лекувањето можело да ѝ го продолжи животот на малото девојче, но по цена тоа да претрпи болни странични ефекти. Родителите веднаш рекле НЕ. „Не можев да ја подложам на тоа. Не можев да ја гледам повеќе како страда за да се поштедиме себеси од тага и болка“ – рекла таа.

Следниот ден, Енди и Семи ја одвеле ќерка си дома, а колегите на Енди веднаш започнале со организирање на свадбената церемонија која била емотивна и полна со насолзени лица. „Таа беше преубава, но никој не можеше да ги прочита напишаните заклетви затоа што сите премногу плачеа“ – изјавила Семи.

Сега, семејството на Попи-Меј се обидува максимално да го искористи секој момент кој го има на располагање и го нарекува секој ден со неа „благослов“. Нејзините родители ја споделија приказната со светот за да ја подигнат свеста за туморите на мозокот кај децата.

„Мојата желба е да ја зголемам свеста во име на Попи-Меј. Родив ангел и наскоро таа ќе стане ангел. Болката е бескрајна, но зборувањето за ова со другите родители може да спречи тие да загубат дете. Сакам луѓето да ја запомнат Попи-Меј, да ги запомнат нејзините симптоми и да знам дека мојата ќерка може да помогне да се спасат други животи“ – вели Семи.

Сподели.


Коментарите се затворени.