Вака изгледала најмоќната експлозија на бомба во историјата на човештвото…

0
Во 1961 година Советите создале RDS-220 хидрогенска бомба, позната како „Цар Бомба“, најсилната експлозивна направа што некогаш луѓето ја создале, 1.400 пати посилна од двете нуклеарни бомби фрлени во Јапонија во Втората светска војна.
Идејата за „Цар Бомба“ се создала во главата на Никита Сергеевич Хрушчов, тогашен претседател на СССР, кој пред се, сакал да им покаже на Американците дека и Советите имаат силно нуклеарно оружје. Својата замисла му ја кажал на главниот дизајнер за оружје, Андреј Сахаров и притоа му кажал дека „сака да им покаже на империјалистите што Русите можат да направат“.
Не е точно познато кога точно се создала идејата за бомба од 100 мегатони и кој прв го дал предлогот, но она што е познато е дека задачата зададена од Хрушчов била едноставна – да се создаде бомба која ќе ги собори сите рекорди.
Сахаров собрал тим од 5 експерти кои за рекордно време дизајнирале бомба способна целосно да ја уништи било која светска метропола. За потфатот им биле потребни 14-16 седмици.
Иако првобитно била замислена како 100 мегатонска бомба, нејзината сила била преполовена од очигледни причини. Дури и 50 мегатонска бомба била премногу масивна за да ја погоди било која цел, а била многу моќна.
Целта на Советите била да ја демонстрираат својата сила во светот, а „Цар Бомбата“ ги исполнила сите тие очекувања. Преполовена на 50 мегатони, била 3.000 пати посилна од бомбите фрлени на Хирошима, а покрај тоа била и убедливо најсилна, како и најчиста нуклеарна бомба – 97отсто од потенцијалните последици од радијацијата биле успешно отстранети.
На 30 октомври 1961 година Советите биле конечно подготвени да му покажат на светот како изгледа експлозија од 50 мегатони. Но, во завршната фаза се појавиле нови проблеми. Инженерите морале да пронајдат начин за носење на бомбата, а за таа намена специјално модификувале бомбардер во кој ја вградиле бомбата.
Таа била фрлена од висина од 10.500 метри, а на неа имало и падобран чија цел било да го забави падот како и да му даде доволно време на екипажот во авионот да се оддалечи од експлозијата. Бомбата паднала на архипелагот Нова Земја во северна Русија. Детонацијата била толку силна што потресот се почувствувал во Финска, која е оддалечена 900 километри, додека шок бранот бил толку силен што ја заобиколил Земјата три пати.
Огнената топка била широка 8 километри, а печурката се создала по експлозијата висока 65 километри.

Сподели.


Коментарите се затворени.