петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаКовачевски: И ќерка ми Тамара беше против францускиот предлог, но ми се...
spot_img

Ковачевски: И ќерка ми Тамара беше против францускиот предлог, но ми се јави да ми се извини откако подобро размислила и го сменила ставот

Ќерка ми Тамара ми рече дека е против договорот, а јас и реков дека нема да и се мешам во нејзините ставови и размислувања, кажал премиерот Димитар Ковачевски при вчерашниот лет од Брисел кон Скопје по „вториот датум од ЕУ за Македонија“.

Ковачевски, како што објави Вечер, кој вчера предводеше владина делегација во Брисел на Првата меѓувладина конференција со ЕУ, на враќање од таму беше во ист авион со новинарите, и во неформален разговор со нив сподели една интересна информација.

Ковачевски раскажа дека неговата ќерка Тамара Ковачевска, со која во мај беше во Рим на чествувањето на Св. Кирил и Методиј, првично била против прифаќањето на францускиот предлог, односно против отстапките што треба да се направат за отворање на вратите за преговори на „нашата земја“ со ЕУ.

– Таа ми кажа дека е против договорот, а јас и реков дека нема да и се мешам во нејзините ставови и размислувања. А таа, меѓу другото беше против и бидејќи ги чита реакциите на социјалната мрежа Фејсбук, каде околу 80 отсто од граѓаните се изјаснуваа дека не им се допаѓа предлогот. Јас оставив таа самата да си изгради став и не влијаев на нејзините расудувања, како што пишува Вечер, објаснил Ковачевски.

Но, во текот на вчерашниот ден, како што објаснил Ковачевски, дошло до пресвртница, откако Тамара ги прочитала сите позитивни коментари по одржување на Првата меѓувладина конференција.

– Самата се јави да ми се извини и да ми каже дека претходно не била во право, рече Ковачевски.

А на прашањето врз основа на што го сменила својот став, според Вечер, тој рекол дека тоа следувало откако внимателно ги прочитала сите позитивни извештаи и реакции за вчерашниот старт на преговорите, односно важноста на вчерашниот настан за земјава.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ