Гулаби со мали ранчиња го мерат квалитетот на воздухот во Лондон

0

Мала армија на гулаби пуштени се во Лондон во воздухот со цел за борба против загадувањето на воздухот.

Јато гулаби вооружени со мали ранчиња на кои се наоѓа сензор кој го мери загадувањето на воздухот со GPS се пуштени во понеделникот во Лондон со цел да го мерат загадувањето на воздухот.

Воздушната патрола со гулабите е проект кој го води експертот Брајан Вудхаус.

Ранчињата ги креирала компанијата Plume Labs, а специјалните сензори ја мерат присутноста и количината на нитроген диоксид, озон и на други штетни честички.

Птиците ќе го мерат квалитетот на воздухот неколку дена по ред.

Сподели.


Коментарите се затворени.