Студентка во Штип, убиена во Африка

0

Во терористичките напади во Африка загина и студентка на Штипскиот универзитет, 49-годишната Анита Андреевска од Скопје. Таа е магистрант на Факултетот за Природни и технички науки во Штип, отсек Инженерство на животна средина.
Последниот постдипломски испит Андреевска го положила на 27 октомври по што како волонтер на Обединетите нации, заминала во мировна мисија на Брегот на Слоноват коска.
Професорите и колегите во Штип, младата Македонка која животот го заврши како жртва на терористите, ја паметат како добар другар и одговорен студент, стручњак во својата област:
„Многу ни жал за веста која што ја добивме. Анета беше наш студент, имаше голем успех и во нејзниниот индекс има само 10-ки и 9-ки“, изјави Зоран Десподов, декан на Фак. за природни и технички науки.
Во Брегот на Слоновата Коска , Андреевска поминала неколку месеци како инженер за животна средина, а последната изјава во животот и е постирана на нејзиниот фејсбук профил.
Истата е во функција на поттикнување на жените од целиот свет активно да се вклучат во мировните мисии:
„Ова е едно од најдобрите искуства во мојот живот. Се запознав со многу прекрасни жени – волонтерки кои ги разбија професиите кој се сметаа само машки. Затоа би сакала да ги поканам сите жени инженерки, информатичарки или механичарки, да се приклучат на мисијата“
Од денес, наместо пораки за поддршка, нејзиниот фејсбук профил го полнат пораки на тага и сочувство.
Инаку, фракција на Ал Каеда ја презеде одговорноста за нападот на туристичкото место Гранд Басам на Брегот на Слоновата Коска во кој беа убиени 16 лица, меѓу кои и Анита Андреевска.

стар

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb