Исплови најголемиот крузер на светот: Патниците за да стигнат до својата соба мора да користат…

0
Крузерот „Harmony of the Seas“, кој го направи компанијата „Royal Caribbean International“ заплови. Тежок е 227.000 тони, со 18 палуби и е 38 метри подолг од Ајфеловата кула. Овој брод прв пат заплови минатата недела, но патници ќе прима премиерно дури во мај.
Изградбата на најновиот крузер на семејството Ројал Карибијан чинеше 800 милиони фунти и толку е голем што гостите ќе добиваат GPS уред кој ќе им помага да си ја пронајдат својата соба во лавиринтот.
Првите 6.000 гости ќе се качат во Саутептон во мај, а ВИП патниците ќе добијат и свои батлери во склоп на услугата.
Што се однесува до забавата, овој брод нуди многу избор. Има 4 водени тобогани на бродот, вклучувајќи го и највисокиот тобоган на море, „Ultimate Abyss“, кој е висок 30 метри.
На бродот има и “Бионика бар” каде роботи ви ги полнат чашите и ви прават коктели, како и театар во кој се играат претстави.
На бродот има 16 ресторани и кафичи, како и шопинг улица, а секаде има достапно Wi-Fi.

Сподели.


Коментарите се затворени.