Жирант: Сестрата го довела до просјачки стап, му ја зеле ќерката- непознати му помогнаа

0

Јас не можев да дозволам детето во ноќта да плаче од глад. Морав да ја дадам на Центарот за социјална заштита. Тоа е тешко. Секаде ја гледам , ќе легнам на креветот ја гушкам нејзината играчка и плачам , зборувал очајниот татко Матес Неонски ( 38 ) од Хрватска за периодот кога морал да ја даде ќерката пред да ја почуствува хуманоста на граѓаните кој му помогнаа да го врати семејството на куп. Еве ја неговата приказна.

Поради сиромаштијата во која тие живееле , неговата жена со помалата ќеркичка заминала кај мајка си, тој останал со 4 годишната Неа но откако западнал во се поголема сиромаштија морал да ја даде во центарот за социјални работи.

За неговата сиромаштија велат соседите виновна е неговата добрина. Првата сопруга го оставила со долгови. имено додека тој бил во војска таа имала пристап до неговата сметка. Ја испразнила сметката и му оставила и долг од околу 10 000 куни. Tогаш го оставила.

По неколку години ја запознал својата втора жена. Бил во армијата за време на војната и добил пензија поради служење во војската но потоа не можел да остане глув на молбите на неговата сестра да подигне кредит на негово име бидејќи како бранител тој можел, за сестрата да изгради куќа.

1neon mate

Го сторил тоа – но ратите сестрата не само што не ги плаќа туку и не сака да разговара со него. Така тој последните години од пензија 3037 куни добива само 127 куни.

“Од утро до вечер јас бев во движење. не ми беше срам на крајот и да просам по куќи храна и да  молам. Како да ми е срам кога децата ми беа гладни. А тој тој веќе 3 години јадел само леб и маст.

И центарот за социјално и соседите велат дека тој е добар татко, децата секогаш уредни и насмеани а тој околу нив.

Тој се обратил до медиумите – не бара многу кој колку има градежен материјал, мајстори кои би се согласиле да му помогнат – нешто било што. Веднаш по објавувањето на сторијата неговиот живот се промени а тој се насмеа по долго време. Тотален странец му гради куќа – а помош пристигнува од целиот балкан.

Иселеник од Хрватска кои со години живее во Швајцарија бил на одмор во родниот крај кога ја прочитал приказната за овој несреќен татко. Веднаш го запалил автомобилот и отишол да ја најде куќата. Матес не бил дома но човекот ги измерил сите врати, ѕидовите и веднаш нарачал градежен материјал и ангажирал мајстори – потоа отишол во центарот за социјално и им ги кажал плановите.

2neo6

Таткото не можел да поверува што слуша. Освен тоа сосед од селото му ја отстапил својата куќа да престојува со девојчето во неа додека неговата не биде готова. а освен што од цела хрватска пристигнуваат пакети, бела техника, гардероба, храна помош добил и на сметката на ќерката која ја отворил за оваа намена со помош на центарот за социјално.

Ништо нема да биде неискористено – до сите добри луѓе од целиот Балкан им благодарам и ветувам – тоа што мене нема да ми треба ќе го дадам некому кому навистина му е потребно. Не можам да дочекам моето дете да ја види собата полна играчки, леле која среќа ќе биде тоа за неа. А фрижидерот е преполн со храна која со години не сум ја ни видел ни помирисал. Вчера јадев грав – дали знаете која гозба беше тоа за мене – вели насмеан таткото кој во среда ќе биде повторно со својата ќеркичка бидејќи центарот одлучил дека може да му ја врати.

Сподели.


Коментарите се затворени.