ФОТО: Малиот борец Џек, бебе кое чудесно преживеа обид за абортус

0

На 24-годишна возраст Вики дознала дека е бремена со трето дете, и тогаш ја донела тешката одлука да абортира. Но кога бебето на чудесен начин ја преживеа постапката, нејзиниот свет се промени засекогаш…

bebe jack

Вики, која веќе има две-годишен син Рос и пет-годишна ќерка Лејла, случајно останала бремена во јуни минатата година кога заборавила да земе пилула.

Со финансиски проблеми и постојана борба да врзе крај со крај, Вики била свесна дека нема да може да се справи со три деца на возраст под пет години.

MIKI-bebe-300x200

“Тоа не беше лесна одлука. Јас многу ги сакам моите деца, повеќе од било што во светот, но јас едноставно немав сила за уште едно”, вели Вики, од Caithness, Шкотска.

Но, во моментот кога Вики го виде чудото Џек за прв пат, таа рече: “Јас не би го сменила за целиот свет”.
Вики се одлучила за хируршки прекин, во кој бебето се отстранува со помош на вакуум, во текот на медицински прекин кој вклучува земање низ таблети.

bebe

По завршената интервенција, Вики заминала дома но ги чувствувала истите симптоми како и претходно. Таа дури и направила тест за бремненост и тој се покажал позитивен.

„Знаев дека бебето е уште во мене“ рече Вики. Девет недели по неуспешниот абортус таа била на ехо преглед и докторите константирале нормална бременост.

Сподели.


Коментарите се затворени.