Оддеднаш се разбудила од кома: “Мамо, тато, морам нешто да ви кажам…”

0
Лиу Фенг минатата година во една кинеска болница го гледале како дечко кој премногу ја сака и се грижи за својата девојка, која минала 8 месеци во кома. Фенг ги платил и трошоците во болницата за својата девојка Лин Јингуинг. Но никој не може да знае каков навистина е Лиу Фенг. Се се открило откако девојката се разбудила од кома.
Девојката завршила во кома поради тоа што Лиу редовно ја тепал, пренесува тамошен медиум.
Се започнало кога Лин случајно го препекла лебот во пекарата која заедно ја воделе во храдот Лиаонинг. Во кома завршила откако Лиу ја претепал во септември 2014 година, и нанел сериозни повреди на главата.
Лиу забранил нејзините родители да ја посетуваат но тие сепак во февруари претходната година успеале да ја одведат дома. По три месеци откако се разбудила од кома на нејзините родиле раскажала како завршила во кома.
Се до тогаш се плашела да зборува во јавност за тоа што се случило. Стравувала од нејзиниот поранешен дечко, но на медиумите им ја открила вистината откако била подржана од нејзиниот татко. Родителите нејзиниот поранешен дечко го пријавиле во полиција.
Сподели.


Коментарите се затворени.