Делчево на пат да стане Благоевград на Истокот: Се гради хипер маркет налик на тамошното Метро

0

Голем комерцијално- деловен објект гради КИТ Го во Делчево. На површина од над 2.400 метри квадратни, веќе се поставуваат темелите. Објектот е во близина на градскиот пазар и автобуската станица во Делчево:
„Ова е деловно комерцијален објект на кит-го работите треба да завршат до 31 април, после ќе има метална конструкција, најверојатно обектот ќе биде готов до крајот на септември“ , рече инж. Борис Насков, ГП Стојменов.
Делчевци очекуваат дека објектот ќе биде налик на метрото во Благоеград, каде ќе има дисконтни цени на производите, па во комбинација со редовните бугарски гости, пограничното Делчево се очекува да заживее:
„Изградбата на овој објект е многу добра, ќе се отворат работни места и луѓето ќе имаат можност да пазаруваат“ , кажаа граѓаните на Делчево.
Но, во градењто на објектот делчевци немаат интерес да учествуваат, па огласот за градежни работници кои ќе добиваат по 1200 денари дневница, не побудува интерес кај нив:
„Има само тројца работници од Делчево, овде работат 15 работници и носиме работници од Кочани“ , вели инж. Борис Насков, ГП Стојменов.
Инаку, градежното земјишет купено од КИТ ГО пред 4 години со површина од околу 4 илјади метри квадратни е, всушност, најголемо продадено градежно земјиште во Делчево, во последните неколку децении. Општината само од комуналии инкасирала 4 милиони и 870 илјади денари.

стар

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb